A категорија 2019-05-16T08:35:24+01:00

Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.


“А1” се однесува за мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.


Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.


Во категоријата ” AM “ спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.