ЗА НАС 2019-05-16T07:55:44+01:00

Бидете и вие дел од нашата историја





Авто Школа Шкорпион со своето повеќе од 30 годишно работење ви нуди одлични услови како за време на практичната настава така и при спроведувањето на теоретската обука.

Нашето повеќе од 18 годишно искуство со сопствена комисија Ви овозможува на најбрз но и безбеден начин да дојдете до Вашата посакувана возачка дозвола. Теоретските предавања се спроведуваат во сопствена современо опрема училница.

Нашиот возен парк кој брои повеќе од 30 возила се комплетно прилагодени согласно директивите на ЕУ.
Добриот долги години рејтинг на положени кандидати за возачки испит ја потврдува нашата посветеност и ја оправдува Вашата доверба секоја година да имаме повеќе од 1000 кандидати кои се оспособуваат во нашата авто школа.

Секако како долгогодишен едукативен центар големо внимание посветуваме и на безбедноста во сообраќајот за што по пат на соодветна едукација и посебно потенцирање за време на обуките за важноста на дисциплинираното управување во сообраќајот се трудиме нашите кандидати да бидат што посовесни учесници во истиот.