А КАТЕГОРИЈА

Опис на категоријата:

Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 24 години возраст или

·  Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“

·  Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

·  Потврда  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

·  Пријава за полагање на возачки испит

Потребни документи за полагање возачки испит за возач кој поседува „Б“ категорија:

·  Наполнети 24 години возраст или

·  Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“

·  Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

·  Пријава за полагање на возачки испит

 

Забелешка: За оваа категорија се полага само практичен дел од возачкиот испит.