А 2019-05-15T13:51:52+01:00

Услови за полагање А категорија и потребни документи

Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.

Потребни документи и услови:

Наполнети 24 години возраст или

Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“

Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

Лична карта

Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

Потврда  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)

Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Пријава за полагање на возачки испит

Потребни документи за полагање возачки испит за возач кој поседува „Б“ категорија:

Наполнети 24 години возраст или

Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“

Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

Лична карта

Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Пријава за полагање на возачки испит

Забелешка: За оваа категорија се полага само практичен дел од возачкиот испит.