ДЕ 2019-05-13T10:50:03+01:00

Во категоријата „ДE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило од категорија „Д“ чија најголема дозволена маса на приколката е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

Потребни документи и услови:

Наполнети 24 години возраст

Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Д“

Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

Лична карта

Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)

Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)

Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Пријава за полагање на возачки испит

Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.