ЦЕ КАТЕГОРИЈА

 

Опис на категоријата:

Во категоријата „ЦE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило кое припаѓа во категорија „Ц“ на кое може да биде придодадено приклучно возило чија најголема дозволена маса е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 21 години возраст

·  Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Ц“

·  Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

·  Пријава за полагање на возачки испит

 

Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.