А1 КАТЕГОРИЈА

 

Опис на категоријата:

Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 16 години возраст

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

·  Потврда  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

·  Пријава за полагање на возачки испит