Ц КАТЕГОРИЈА

 

Опис на категоријата:

Во категоријата „Ц“ спаѓаат моторни возила кои не спаѓаат во категориите „Д1“ или „Д“ чија најголема дозволена маса надминува 3 500 kg, а кои се конструирани за превоз на не повеќе од осум патници покрај возачот и истите може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 21 години возраст

·  Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  категорија „Б“

·  Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 20 н/ч практ.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

 

·  Пријава за полагање на возачки испит