Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
Потребни документи и услови:
· Наполнети 16 години возраст
· Лична карта
· Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
· Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
· Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
· Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит