Опис на категоријата:
Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
Потребни документи и услови:
· Наполнети 18 години возраст
· Лична карта
· Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
· Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
· Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
· Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
· Пријава за полагање на возачки испит
Потребни документи за полагање возачки испит за возач кој поседува „Б“ категорија:
· Наполнети 18 години возраст
· Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
· Лична карта
· Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
· Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
· Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
· Пријава за полагање на возачки испит
Забелешка: За оваа категорија се полага само практичен дел од возачкиот испит.