АМ КАТЕГОРИЈА

 

Опис на категоријата:

Спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 16 години возраст

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор.)

·  Потврда  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

·  Пријава за полагање на возачки испит

Забелешка: За оваа категорија се полага само теоретскиот дел од возачкиот испит.