Д КАТЕГОРИЈА

 

Опис на категоријата:

Во категоријата „Д“ спаѓаат моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.

Потребни документи и услови:

·  Наполнети 24 години возраст

·  Најмалку две години да поседува возачка дозвола од  категоријата „Ц“

·  Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар

·  Лична карта

·  Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa

·  Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)

·  Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)

·  Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

 

·  Пријава за полагање на возачки испит