Во категоријата „ДE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило од категорија „Д“ чија најголема дозволена маса на приколката е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.
Потребни документи и услови:
· Наполнети 24 години возраст
· Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Д“
· Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
· Лична карта
· Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
· Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
· Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
· Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
· Пријава за полагање на возачки испит
Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.