Б категорија 2019-05-16T08:46:47+01:00

,,Б“ категоријата е за моторните возила чија најголема дозволена маса не надминува 3 500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои можат да се придодадат приклучни возила, чија најголема дозволена маса не надминува 750 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возило. Моторните возила од оваа категорија можат да се комбинираат со приклучни возила со најголема дозволена маса поголема од 750 kg, под услов најголемата дозволена маса на комбинацијата на возила да не надминува 4 250 kg.


Во категоријата „БЕ“ спаѓаат комбинација на возила влечени од страна на возило од категорија „Б“,при што најголема дозволена маса на приклучното возило не надминува 3 500 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возила.