Д категорија 2019-05-16T09:06:42+01:00

Во категоријата „Д“ спаѓаат моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.


Во категоријата „ДE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило од категорија „Д“ чија најголема дозволена маса на приколката е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.


Во категоријата „Д1E“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило кое спаѓа во категоријата „Д1“ со најголема доозволена маса на приколката поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.